Меџити: Косоварите и Албанците не се странци во Македонија, ќе се лекуваат по исти цени како домашните

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меџити: Косоварите и Албанците не се странци во Македонија, ќе се лекуваат по исти цени како домашните

Министерството за здравство донесе одлука за израмнување на цените на здравствените услуги во Македонија, како за државјаните на земјата така и за граѓаните од Косово и Албанија.

Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку македонските државјани.

„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Министерот Меџити рече дека тука нема да застане туку ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата