Вооружена престрелка вечерва се случи во скопската населба Чаир. Според информациите на ТВ21 автомобил „фолсваген пасат“ со кумановски регистерски таблички е во бегство.
Во престрелката е стрелано кон маж со иницијали А.Б. кој се здобил со четири прострелни рани. Тој е животозагрозувачка состојба и итно е префрлен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во центарот на Скопје, каде лекарите се борат да му го спасат животот.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија вооружениот инцидент.
„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на улицата ‘Цветан Димов’ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило ‘пасат’. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.