Малолетник во Шутка со „голф“ удрил во „ауди“, па бил уапсен

23.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Малолетник во Шутка со „голф“ удрил во „ауди“, па бил уапсен

Во скопската населба Шуто Оризари вчера се случила ретко видена сообраќајка – судир на два автомобила, предизвикан од малолетник (16).

Како што соопшти СВР Скопје, вчера во 16:20 часот кај нив било пријавено дека на раскрсница на улицата „Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со улицата „Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А (21) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобил постариот возач.

Поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, малолетникот бил уапсен.

Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира СВР Скопје.

The post Малолетник во Шутка со „голф“ удрил во „ауди“, па бил уапсен appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата