ЛИДЛ ЌЕ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА, еве каде се првите информации за деталите

13.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛИДЛ ЌЕ ВРАБОТУВА ВО МАКЕДОНИЈА, еве каде се првите информации за деталите

На Регионалниот саем за вработување, кој годинава ќе се одржи од 24 до 31 октомври, учество ќе земе и реномираниотевропски синџир за малопродажба на храна „Лидл“, кој ќе ги отвори своите врати за кандидатите од Македонија, објави сајтот „Вработување“.

„Лидл“ е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна и е дел од групата SCHWARZ чие седиште е во Некарсулм, Германија.

Нивната успешна приказна започнува во 1973 година кога се отворила првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.
Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: Клиентите заслужуваат најквалитетни производи по цени што секој може да си ги дозволи.

Повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менува и подобрува заедниците низ 32 земји, каде што Лидл порасна и работи со околу 11.550 продавници и вработува повеќе од 341.000 луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата