Кривична за градоначалникот на Демир Капија за загадената вода во Прждево во претходниот мандат

15.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична за градоначалникот на Демир Капија за загадената вода во Прждево во претходниот мандат

Градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров доби кривична пријава од ОВР Неготино за загадувањето на водата во Прждево во текот на неговиот претходен мандат.

Кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци е поднесена и против П.Ј.(50) од Неготино, против Општина Демир Капија и Јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија, поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.

Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Петров во својство на тогашен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на тогашен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, Демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот.

Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за загадување на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.

The post Кривична за градоначалникот на Демир Капија за загадената вода во Прждево во претходниот мандат appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата