Кривична за багерист што „ја исекол“ струјата на дел од Тетово и голем број села

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кривична за багерист што „ја исекол“ струјата на дел од Тетово и голем број села

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово, Б.И.(45) управител на правното лице и А.И.(48), двајцата од с. Мала Речица, Тетовско, за „уништување или оштетување на јавни инсталации“.

На 10 октомври на ул.„29 Ноември“ во Тетово, додека третопријавениот работел со багер на фирмата, ги потфатил подземните високонапонски електрични кабли и оштетил два кабла кои пренесувале електрична енергија од главната централа во Тетово до долните населби во Тетово и повардарските села на општина Желино и оштина Јегуновце, кои останале неколку часа без електрична енергија.

The post Кривична за багерист што „ја исекол“ струјата на дел од Тетово и голем број села appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата