Ковачевски во земјата на чудата: ЌЕ НОСЕЛ СТАНДАРД КАКО ВО ЈУГОСЛАВИЈА

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ковачевски во земјата на чудата: ЌЕ НОСЕЛ СТАНДАРД КАКО ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Премиерот Димитар Ковачевски при честите средби со сенаторот Крис Марфи од него добил уверување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат нашата земја додека претстои пат со тешки и храбри одлуки.

– Благодарение на поддршката од искрени пријатели како САД, денес Македонија стана земја фактор на стабилност во регионот и земја членка на НАТО. Денес сме земја со подобрен кредитен рејтинг, со зголемена минимална плата, зголемена просечна плата и зголемени пензии. САД и Македонија го покажуваат поимот партнерство на дело. Нашите американски пријатели се залагаат за демократско општество. Трговската размена со САД изнесувала 250 милиони долари – рече Ковачевски.

Премиерот планира да донесе тешки одлуки со цел граѓаните да имаат стандард каков што имале граѓаните во времето на СФРЈ, односно во тоа време далеку подобар од стандардот кој го имале земји како Бугарија, Полска, Романија кои денес се членки на ЕУ.

– Ние мора да им обезбедиме на нашите граѓани да живеат во членка на ЕУ. Ние сме била земја која потекнува од СФРЈ. Во тоа време имавме поголем стандард и од Чешка, Полска, Бугарија, Романија, Словачка и од сите земји кои станаа членки. Јас ќе донесам одлуки со цел граѓаните на Македонија да имаат повторно поголем стандард од сите граѓани од кои што порано сме имале поголем стандард – додаде премиерот

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата