На улицата „9 Мај“ во Кочани вчера во 11 часот бил уапсен Т.В.(50) од Кочани, поради сомнението на полицијата дека украл автомобил „југо“ сопственост на К.Ѓ. од село Оризари, Кочанско.
Возилото е пронајдено и вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Штип.

