Ќе се врати дневната евтина тарифа, АМА ЌЕ ПОСКАПИ ДДВ-ТО на сметката за струја

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе се врати дневната евтина тарифа, АМА ЌЕ ПОСКАПИ ДДВ-ТО на сметката за струја

Од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија. Ова за Телма го најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, порача Битиќи додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.

Битиќи истакна дека за првпат во независноста сериозно се работи на Национална стратегија за развој која треба да го трасира патот по кој државата треба да се развива.

„Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено што е тоа што каде сакаме да стигнеме и тоа е визијата и наредниот период ќе се работи на акцискиот план како тоа да се постигне“ порача Битиќи во гостувањето на Телевизија Телма.

Според него данокот на додадена вредност (ДДВ) за електрична енергија постепено ќе се зголемува.

– Одлука ќе донесеме до крајот на јуни рече тој.

Стапката на ДДВ од 10% за електричната енергија постепено ќе се враќа на 18%, анализите се при крај, изјави Битиќи.

Тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни

Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија. Како што беше последната година и пол така ќе биде и понатаму и одлуките ќе бидат во полза на граѓаните, вели Битиќи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата