Ќе му се суди на адвокатот Менкиновски ЗА ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ ПОСТАВЕНО ВО ОХРИД

21.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ќе му се суди на адвокатот Менкиновски ЗА ЗНАМЕТО ОД КУТЛЕШ ПОСТАВЕНО ВО ОХРИД

Иако ,,Сонцето од Кутлеш” е дел од културното наследство на македонците а со векови го има во огромен број на македонски цркви во текот на јуни во Охридскиот суд ќе започне судење на адвокатот Тони Менкиновски чие знаме беше поставено на 27 април во Охрид.

Извори во охридската полиција тогаш изјавија дека СВР Охрид не гледа причина за поведување на законска постапка за поставување на знамето кое беше истакнато на Долна Порта во знак на поддршка за уставобранителите осудени за 27 Април, но дека наредбата за прогон и поднесување пријава дошла од кабинетот на Оливер Спасовски.

Судењето ќе започне во текот на јуни во судот во Охрид а на него ќе му се суди на адвокатот Тони Менкиноски за нарушување на јавниот ред и мир. Менкиноски сам се пријавил во СВР Охрид дека е одговорен за поставувањето на знамето со Сонцето од Кутлеш откако СВР Охрид започна да посетува други осомничени.

Адвокатот ја презема целата одговорност за настанот кој не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир затоа што од него никој не беше вознемирен или повреден.

Министерот Спасовски кој се смета за главен ривал на претседателот Пендаровски во реката за кандидат за шеф на државата, досега не демантираше дека тој е наредбодавачот кој сака да им се суди на луѓе кои го истакнуваат македонското знаме.

Во исто време МВР на Спасовски воопшто не помислува да гони граѓани кои надвор од секоја законска основа поставуваат албански знамиња во повеќе македонски градови и села.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата