Јовев имал мерак да биде МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

10.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јовев имал мерак да биде МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

Кардиохирургот Сашко Јовев, кој ја изведе првата трансплантација на срце во емисијата „Стадион“ на Канал 77 се потсети на формирањето на државната кардиохирургија за што преговарал две децении пред и официјално да биде формирана.

Државната кардиохирургија функционира веќе седум години, период во кој како што вели докторот, тимот сработил „чуда“.

„Нашата тенденција е да ја развиваме државата и да ги оперираме најтешките пациенти. Тешките пациенти ги оперираме токму ние на нашата клиника, а лесните одат во приватните и таму побргу може да поминат. На самиот почеток имавме екстремно низок буџет. Полека јас го зголемував тој буџет.

Кога ќе споредите државна Кардиохирургија со приватните, 1:4 или 1:5 се средствата коишто ни се даваат, но и покрај тоа одиме одлично. Последните две до три години оваа екипа во Фондот извонредно ни помогна. Екстремно разбирање за нас имаа и направивме бум“, додаде кардиохирургот.

Тој додава дека никогаш не му било понудено да биде министер за здравство, но ако тоа се случи со задоволство ќе го стави целиот свој капацитет на располагање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата