Извлечени три тела од автомобилот кој излета во Вардар

2.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Извлечени три тела од автомобилот кој излета во Вардар

Автомобилот кој попладнево излета во водите на Вардар во близина на Рашче е извлечен од реката.

„Од возилото се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува“, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Припадници на специјалната полициска единица „Тигар“, полициски службеници, Итна медицинска помош и јавен обвинител се на местото каде попладнево автомобил излета во водите во Вардар.

Од полицијата информираат дека пријавата ја добиле во 16 часот, дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Во 18 часот од Градската општа болниа „Свети Наум Охридски” полицијата била известена дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата