Измислувале „одиграни“ натпревари со непостоечки фудбалери за да влезат во ФФМ

23.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Измислувале „одиграни“ натпревари со непостоечки фудбалери за да влезат во ФФМ

Цане Милошоски и Никола Цветаноски од Охрид, претседател и секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид) измислувале натпревари што не се одржале, со цел ОФС Охрид да влезе со свои претставници во телата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Како што соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Охрид, против нив е поднесена кривична пријава за „фалсфификување исправа“ и за „измама“.

Според СВР Охрид, претседателот и секретарот на ОФС Охрид во 2024 година во повеќе наврати внесувале лажни, неточни и непотпочни податоци во Комет-системот на ФФМ, односно ставале записници за натпревари што не се одржале, со лица што не учествувале во натпреварите – а, дополнително, не ни биле регистрирани како играчи и судии.

Намерата на претседателот и секретарот на ОФС Охрид, според СВР Охрид, била ОФС Охрид да се избори за право да има свои претставници во ФФМ.

The post Измислувале „одиграни“ натпревари со непостоечки фудбалери за да влезат во ФФМ appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата