Изгоре куќа претпладнево во пожар во строгиот центар на Неготино. Десетмина пожарникари со три противпожарни возила спречиле огнот да се прошири на густо населената околина, во која во опасност од пламените јазици биле уште неколку објекти. Некои од нив и биле опожарени. За среќа, не настрадал повозрасниот човек што живеел во куќата што изгорела во пожарот.
Оваа информација ја потврди за МИА, Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица.
– Навремената интервенција спречи поголема трагедија, подвлече Атанасов.
The post Изгоре куќа во пожар во строгиот ценатар на Неготино appeared first on NetPress.

