Изгледа не знаела дека не е на автопат – возела со 126 км/ч кај Свети Николе

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изгледа не знаела дека не е на автопат – возела со 126 км/ч кај Свети Николе

На магистралниот пат Овче Поле – Свети Николе полицаецот што правел контрола завчера попладнето најверојатно бил стаписан кога погледнал во дисплејот на радарот – на место каде што има ограничување на брзината од 50 км/ч – автомобилот „ровер“ со охридски таблички што му бил „на нишан“ се движел со 126 км/ч.

Зад воланот била 24-годишната А.Р. од охридското село Елшани.

Магистралниот пат Овче Поле – Свети Николе, инаку е многу блиску до автопатот „Гоце Делчев“ и се протега речиси паралелно со него, па постои можност  А.Р. да била збунета и да мислела дека е на автопатот, а не на магистрален пат.

„По насоки на јавен обвинител од Свети Николе со неа е извршен службен разговор“, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

The post Изгледа не знаела дека не е на автопат – возела со 126 км/ч кај Свети Николе appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата