Граѓаните и ПЛАЌААТ НА ЕСМ, а не владата

2.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Граѓаните и ПЛАЌААТ НА ЕСМ, а не владата

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, преку својот Фејсбук профил му реплицираше на актуелниот министер за финансии, Фатмир Бесими во врска со енергетските прашања.

– Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. И таа поддршка на АД ЕСМ ќе ја плаќаат граѓаните, не Владата – напиша Хајредини.

-Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на  Телма.

Посочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или вкупно речиси 400 милиони евра за да не се зголемат цените на енергентите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата