Фуере: Бугарија мора да ги прифати и спроведе одлуките на Стразбур за Македонците

18.08.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фуере: Бугарија мора да ги прифати и спроведе одлуките на Стразбур за Македонците

Освен Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје, изјавил поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во Македонија, Ерван Фуере, за порталот indeks.mk говорејќи за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.

Фуере потсетува на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за Македонците кои Бугарија треба да ги спроведе.

Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Македонија, изјавил Фуере.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата