Низа превентивни активности се одржани денеска на повеќе места низ земјава, со образовни цели. Некои од нив биле за деца и повозрасни малолетници, а некои за возачи. Тема на овие едукативни активности биле безбеден сообраќај, заштита од кражби и спречување на меѓуврсничко насилство и употреба на пиротехнички средства, а имало и посета на дечиња на СВР Струмица, при што се запознале со дел од полициската работа.
Како што објави МВР, денеска во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк” во општина Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод одржале трибина со учениците, на која тема биле ризиците и последиците од употребата на пиротехнички средства, особено сега, во пресрет на празниците. На учениците им биле предочени и законските одредби околу употребата и продажбата на пиротехничките средства.
Предавање на истата тема одржале и полициски службеници од ПС Делчево во ОУ „Климент Охридски“ во Делчево. Се зборувало и за начините како да се препознае и спречува меѓуврсничкото насилство, како и за последиците од него врз жртвите.
Во Пробиштип и Кочани, имало и превентивни активности за безбеден сообраќај. Во директна комуникација со возачите, полицајците ја нагласиле потребата возилатада бидат технички исправни, да не се управуваат возила под дејство на алкохол, како и низа други правила и прописи, со цел безбедно учество во сообраќајот. На пешаците пак, им било укажувано дека не смеат да користат мобилен телефон кога преминуваат улица.
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, имале едукативна акциј за заштита од кражби и измами.
Во непосредна комуникација со граѓаните, особено со повозрасната популација, им биле давани совети како да се заштитат себе и своите домови од кражби, провални кражби и измами и за потребата секој сомнителен случај да го пријават во полиција.
Во просториите на Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, пак, по повод одбележувањето на 9 Декември – Денот на превенцијата, е организиран пречек на дечиња од различна возраст.
Тие, од началникот на СВР Струмица и повеќе полициски службеници, биле запознаени со полициската работа и им била презентирана дел од опремата која ја користат при вршење на службените задачи.
Дечињата ги разгледале и службените простории и гледале видео презентација на дел од досега спроведените превентивни активност на Отсекот за превенција при СВР Струмица, како и презентација на електронската книга со творбите кои учествуваа во конкурсот кој беше организиран по повод Денот на полицијата – 7 Мај, извести МВР.
The post ФОТО | Деца учеа за врсничкото насилство, полицијата, петардите – возачи учеа тоа што требало да го знаат appeared first on NetPress.

