Фатен скопјанец – бегалец од затворска казна од три години

18.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фатен скопјанец – бегалец од затворска казна од три години

Во 16:30 часот денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го уапсиле Е.Т. (26) од Скопје.

Тој требало веќе да биде в затвор, но ја избегнувал правдата. Бил осуден за кривично дело „Тешка кражба“ на тригодишна затворска казна.

По целосно документирање на случајот, бегалецот од правдата ќе биде пренесен в затвор.

The post Фатен скопјанец – бегалец од затворска казна од три години appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата