ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: ПЕШАК ЗАГИНА во тешка сообраќајна несреќа при СУДИР НА ДВЕ ВОЗИЛА во Скопје

1.08.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: ПЕШАК ЗАГИНА во тешка сообраќајна несреќа при СУДИР НА ДВЕ ВОЗИЛА во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во 23.20 часот на крстосницата што ги поврзува булеварот Босна и Херцеговина и Македонско-косовска бригада во Скопје. Во несреќата учествувале два автомобила, кои при судирот удираат во пешак кој се движи по тротоарот и кој го загуби животот.

Извршен е увид на лице место, прибрани се траги и обезбедени се снимки од видео надзор. Возачите на двата автомобили се задржани на лекување, велат од Јавното обвинителство.

Од обвинителството велат дека се работи на утврдување на причините за несреќата.

Дел од повредените со возило на Брза помош веднаш биле пренесени во болница.

Како што соопшти МВР, по несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“.

На 31.07.2023 во 23.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на ул.„Словенечка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото со скопски ознаки удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје, информира МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата