ДУИ бара да се истражат јавните набавки во Чаир

13.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДУИ бара да се истражат јавните набавки во Чаир

Демократската унија за интеграција соопшти дека со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир, пренесе МКД.мк. „Општина Чаир со компанијата Бауер БГ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот Скендербег во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра. Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот“, се вели во соопштението на ДУИ. Инаку, локалната власт во Чаир практично е под водство на Демократско движење, односно градоначалник е доскорешниот „огнен“ интегративец Висар Ганиу, а партиски лидер Изет Меџити, поранешен градоначалник, сега пратеник исто така од редовите на „огнените“ од ДУИ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата