Довербата во Мицкоски расте, во Ковачевски драстично паѓа – 4 ПАТИ ПОГОЛЕМ РЕЈТИНГ ИМА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

8.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Довербата во Мицкоски расте, во Ковачевски драстично паѓа – 4 ПАТИ ПОГОЛЕМ РЕЈТИНГ ИМА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, е во пораст и е речиси четири (4) пати поголем од рејтингот на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски. Ова го покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата „Маркет вижн“ од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Од граѓаните што биле анкетирани, во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Али Ахмети 3,7%, во Димитар Ковачевски 3,5%, а во Димитар Апасиев 3,1% од испитаниците.

Споредено со резултатите од истражувањето во јуни и февруари годинава, ваквите бројки покажуваат зголемување на довербата во Христијан Мицкоски за 1%, но и значително намалување на довербата во Димитар Ковачевски – од 8,2% во февруари до 3,5% во септември 2023 година.

ОГРОМНА РАЗЛИКА меѓу Мицкоски и Ковачевски, ВМРО-ДПМНЕ води повеќе од ДВОЈНО пред СДСМ (ГРАФИКОНИ)

АКО УТРЕ ИМА ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 25,1%, СДСМ само 9,5%

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата