„Вие не можете со оваа доверба во судството од 3-4% да ги задржите младите во земјата“.
Ова го изјави Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ во летното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој кажа дека загрижувачки тренд е тоа што и добро платени лица се одлучуваат да се иселат од земјава од разни причини.
„Ако немаат никаква сигурност, тие ќе заминат. Многу поопасен тренд е тоа што веќе лица далеку добро платени заминуваат од Македонија. Платата повеќе не е веќе услов, туку опкружувањето кои не ги задовлува потребите на едно семејство, и сметаат дека нема иднина во земјава. Секоја кампања на партиите во изборите е да ги задржиме младите во земјава, а тие се повеќе заминуваат“, вели Трендафилов.