„Дали постои видео како Ариф Асани ВЛИЈАЕ ЗА ПУШТАЊЕ НА ПУКАЧОТ ВО ЧАИР?“ (ВИДЕО)

27.05.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Дали постои видео како Ариф Асани ВЛИЈАЕ ЗА ПУШТАЊЕ НА ПУКАЧОТ ВО ЧАИР?“ (ВИДЕО)

СДСМ и МВР на Оливер Спасовски молчат за каубојската оружена пресметка во скопски Чаир. Вчера не одговорија дали за лицето коешто пукало кон полицијата заради контрола на возило и потоа е ослободено, е осудено за истото дело и веќе цела година има наредба до СВР Скопје да биде приведено за издржување на затворската казна? – прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој истакна дека  Оливер Спасовски повеќе не смее да се крие и како прв човек на МВР, мора да одговори:

– Дали Ариф Асани, функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ, е снимен од камерите на системот „сејфсити“, од безбедносните камери, вечерта на местото на пукањето во Чаир?

– Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат лицето да замине?

– Дали постои снимка од системот „сејфсити“ на којашто се гледаат полицајците и Ариф Асани, а на снимката нема други лица?

– Дали полицајците во своите службени белешки прикриваат дека Ариф Асани влијаел тие да го ослободат лицето, па е наведено дека „поголема група на граѓани ги попречила да го приведат лицето“?

Стоилковски додаде дека МВР под Оливер Спасовски не смее да биде испостава на СДСМ и да служи за самоволие на ДУИ.

– Доколку врхушката на СДСМ сакаат, тие може да бидат заложници на ДУИ, но Македонија ниту било кој граѓанин не смее да биде заложник, само и само за гола власт на СДСМ. Со СДСМ, наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност. Оливер Спасовски, доста се криеш, ова е огромен скандал. Македонија не смее да биде мафијашки рај за ти да бидеш министер! Премногу е! – нагласи Стоилковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата