Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите?
Ова го прашуваат партиите од опозцијата во албанскиот блок составена од Алтернатива, БЕСА и Демократско движење.
Тие реагираа на вчерашното интервју на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за „360 степени“, кое се емитуваше на Првиот програмски сервис на МРТ. Според трите партии, Ахмети се мачел да покаже дека знае македонски јазик.
Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше Македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори, стои во заедничкото соопштение на трите партии.
Дел од интервјуто Ахмети зборувал на македонски, а дел на албански јазик.