Четворица повредени во сообраќајка во Битола

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица повредени во сообраќајка во Битола

На 25.05.2023 во 07.37 часот било пријавено дека во Битола, на ул.„Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила со битолски регистарски ознаки, и тоа: „шкода“, управувана од Б.Ј.(18) од Битола, „опел“, управуван од В.Г.(67) од с.Крклино, битолско и „ауди“, управувано од Т.К.(45) од Битола.

-Во несреќата, возачот Т.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетник од Битола сопатник во возило „шкода“, како и сопатниците во возилото „ауди“, Н.Н.(44) од с.Живојно, битолско и З.С.(54) од Битола, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата