СЕМЕЈНИ ИНЦИДЕНТИ

Брат си ја ТЕПАЛ сестрата, а ТАТКО и СИН си размениле тупаници

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брат си ја ТЕПАЛ сестрата, а ТАТКО и СИН си размениле тупаници

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот 43-годишна скопјанка пријавила дека околу 12:30 часот на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, била физички нападната од нејзиниот брат Т.Т.(46). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Подоцна во текот на денот, односно во 18:45 часот било пријавено дека во с.Рашче, Скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Б.К.(21) и неговиот татко Ќ.К., двајцата од истото село. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата