МАКЕДОНСКИ ИЗУМ

БАБА ЗУМБУЛА се вози низ ОХРИД – завиткана во душек! (Фото)

27.04.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БАБА ЗУМБУЛА се вози низ ОХРИД – завиткана во душек! (Фото)

Интернетот е полн со разно-разни фотки кои не оставаат подзинати, иако голем дел се монтажи, шеги, местенки… Нашава е реална и направена кај нас, поточно во Охрид, во стариот дел од градот и буквално пред 10 минути. И да, да не е тажно (читај лудо) ова што го видовме би било не смешно, пресмешно.

А сценава дефинитивно наликува на онаа од Балканкан, кога Трендафил ја убедува Ружа да ја преминат бугарската граница со тоа што нивното старо фиќо ќе го наполнат со конзерви и пакети со храна за да ги прошверцуваат, додека пак мртвата баба Зумбула ќе ја замотаат во тепих…

Разликата е што ова е дедо Зумбул замотан во душек и е жив. Ако не друго барем му е помеко од тепих… А што може да му се случи, не дај Боже, не сакаме ни да замислиме…

фото: Vecer.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата