Автобус на ЈСП удрил во скопјанка

22.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автобус на ЈСП удрил во скопјанка

Автобус на ЈСП при тргнување удрил во жена која се здобила со тешки телесни повреди.

На 21.10.2024 во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со скопски регистарски ознаки при тргнување удрил во А.Н.(55) од с.Драчевица, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата