Арсовска не успеа да ја реконструира Универзална, СОВЕТОТ ИЗГЛАСА ВЛАДАТА ДА ЈА ДОВРШИ

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арсовска не успеа да ја реконструира Универзална, СОВЕТОТ ИЗГЛАСА ВЛАДАТА ДА ЈА ДОВРШИ

Владата ја презеде Универзална сала. Ова беше одлучено на последната седница во Советот на Град Скопје, откако „за“ гласале 26 советници од редовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Против биле само советниците од Левица, а еден советник бил воздржан.

Со ова се задолжува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска да подготви договор за промена на инвеститорот на Универзална сала од Град Скопје во Министерство за култура.

Иницијативата беше поднесена од страна на коалицијата предводена од советничката група на СДСМ. Универзалната сала е затворена пред седум години.

Реконструкцијата со месеци е запрена, откако Арсовска во март годинава посочи дека проектот по кој се работи има грешки и е небезбеден.

Таа нагласи дека работите ќе продолжат, но откако ќе се направат измени во проектот со кои ќе се гарантира безбедноста на сите граѓани кои ќе ја посетат салата кога ќе биде завршена реконструкцијата. Во меѓувреме беа направени бараните измени во проектот, направено е ново техничко решение од страна на проектантот врз основа на кое било неопходно да се изврши измена на првичниот договор за којшто Град Скопје поднело допис до Владата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата