84-годишник се обидел да убие жена во кумановски хотел, ја спасил синот

12.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
84-годишник се обидел да убие жена во кумановски хотел, ја спасил синот

На 4 декември, во хотел во Куманово, осомничениот 84-годишник, од ниски побуди, со умисла се обидел да лиши од живот една жена.

Тој утрото искористил момент кога гостин во хотелот ја отворил вратата, па влегол во објектот и дошол пред собата каде била оштетената и нејзиниот неподвижен сопруг.

Кога го видела, таа станала и тргнала кон вратата од собата за да го спречи да влезе, но во тој момент осомничениот извадил нож и со него ја удрил во пределот на главата. Во момент кога му паднал ножот, оштетената успеала да се тргне и на висок тон почнала да вика и да бара помош, па од другата соба излегол нејзиниот син и го спречил осомничениот.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Куманово определи мерка притвор за осомничениот.

The post 84-годишник се обидел да убие жена во кумановски хотел, ја спасил синот appeared first on NetPress.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата