Останатите седишта имаат едноставни сигурносни појаси - преку половината, додека кабинскиот персонал носи вкрстен појас преку градите, слично како возачите на Формула 1.
Многумина остануваат збунети
Прашање за разликата во сигурносните појаси беше поставено на подфорумот на Reddit NoStupidQuestions, а многумина остануваат збунети.
Поранешна стјуардеса исто така се огласи во коментарите, објаснувајќи дека вкрстениот појас се користи од безбедносни причини, особено кај помалите авиони.
Таа работела на авион со 50 седишта и истакна дека помошното седиште што го користел персоналот не било прикачено на трупот, објавува Index.hr.
„Ни беше потребен тој појас бидејќи седиштето ќе се лулаше како лудо секој пат кога ќе полетувавме и слетувавме“, напиша таа.
Главната разлика
Според информациите од порталот Aerosavvy.com, во случај на несреќа, патниците се заштитени од седиштето напред - тоа делува како бариера што ги спречува да „летаат“ напред.
Кабинскиот персонал, кој седи свртен кон патниците, нема оваа заштита, па затоа ременот преку нивните гради служи како замена. Ги штити од силни удари, но исто така им овозможува брзо да ги откопчаат во случај на вонредна состојба - за да можат да им помогнат на патниците.
Експертот за воздухопловство Марина Ефтимиу од Универзитетот во Даблин вели дека „патниците во случај на евакуација не би знаеле како да ги откопчаат доволно брзо“.
„Главните причини за разликата во ремените се леснотијата на користење и брзината на евакуација“, заклучи таа.