Златна треска во Јужна Африка

17.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Златна треска во Јужна Африка

Оваа држава има надежен подземен свет на скриени богатства. Веста се проширила на интернет и за неколку дена целото поле било исполнето со истражувачи и ентузијасти. Повеќето од нив бараат начин да преживеат наместо да заработат богатство во земја во која невработеноста е приближно 32 отсто, според владата. Неколку десетици истражувачи се собраа на местото копајќи во земјата во потрага по злато. Тоа потсетува на почетокот на 20 век и на случувањата што Јоханесбург го направија како финансиски главен град на Јужна Африка. 

Ненадејната инвазија на родното место на добитничката на Нобеловата награда за литература во 1991 година, Надин Гордимер, е одраз на поголемата златна треска во светски рамки. Цената на скапоцениот метал, имено, се искачи на повеќе од 5.000 долари за унца, двојно повеќе од нејзиниот максимум во јануари, пренесува БТА. 

Некои тимови работат со побрзо темпо товарајќи мали вреќи. Мажите копаат, а жените го носат товарот до возилата.

Јужна Африка, позната по своето минерално богатство, доживеа слична треска во 2021 година кога се појавија кристални камења што личеа на дијаманти, но за кои се откри дека се работи само за кварц. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата