Жена пронашла повреден еж – ветеринарите се запрепастија кога го виделе: „Госпоѓо, ова воопшто не е еж“!

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жена пронашла повреден еж – ветеринарите се запрепастија кога го виделе: „Госпоѓо, ова воопшто не е еж“!

Имено, оваа жена на тротоар пронашла повредено „ежево бебе“, по што ја зела животинката и „целата ноќ бдеела над неа“. Таа го сместила малиот еж, односно она за што верувала дека е еж, во картонска кутија и покрај него ставила садче со храна.

Следното утро жената го однела повреденото суштество во природниот резерват „Lover Moss Wood“ во Чешир, каде што има и болница за диви животни. Но, кога управителката на болницата и ветеринарка Џенет Коце ја отворила кутијата во која се наоѓал ежот, останала без зборови.

Ежот всушност воопшто не бил еж, туку влакнеста топка која на некого му отпаднала од капа. Џенет не можела да поверува во тоа што го гледа, а кога ѝ рекла на хуманата жена за што се работи, таа само изговорила: „Се шегувате“, и тоа со длабока засраменост. Наскоро со кутијата во раце срамежливо излегла од болницата, пишува „Daily Mail“.

„Госпоѓата дојде со кутија, кажа дека го пронашла овој еж на тротоарот, дека надвор било студено и дека го земала. Бев многу вознемирена затоа што е премногу рано за ежови бебиња. Ја отворив кутијата и едноставно не можев да поверувам во тоа што го гледам. Помислив: ‘Ова дефинитивно не е еж, можеби е некое друго влакнесто суштество’. Сфатив дека воопшто не реагира на ништо, па го кренав и веднаш почувствував дека тоа воопшто не е еж ниту било какво друго животно. Жената беше навистина мила и имаше добри намери. Ја зеде кутијата од мене и замина доста брзо. Подоцна сето тоа ми беше смешно, но не можев да поверувам што видов“, раскажала ветеринарката.

Сепак, таа напоменала дека постои ситуација кога еж навистина има потреба од помош – а тоа е кога ќе го видите дење на отворено.

„Златното правило е дека ежовите не излегуваат дење, особено не малечките, но таа постапи исправно… единствено што тоа не беше еж. Главно, ако навистина ги забележите дење на отворено, дефинитивно нешто не е во ред и треба да ги однесете во центар за спасување“, заклучила Џенет.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата