Како што изјавила за локалните медиуми, нејзиниот живот воопшто не е лесен во моментов - таа прима скромна пензија, има долгови и се обидува да врзе крај со крај секој ден.
Заборавената сума на банкноти можела да биде спас за нејзината финансиска состојба, но радоста била краткотрајна.
Кога отишла во најблиската филијала на „Банката на Америка“ за да ги депонира парите што ги нашла, ја пречекало непријатно изненадување - банката одбила да не ги прифати банкнотите поради нивната лоша физичка состојба. Влажноста и времето сериозно ја оштетиле хартијата, па банката не можела да ги прифати како валидно средство за плаќање.
Во САД инаку, граѓаните имаат можност да разменуваат оштетени пари преку Бирото за гравирање и печатење (BEP), официјалната институција одговорна за производство на американски хартиени пари. Оштетените банкноти може да се испратат по пошта за стручна проценка, а доколку се исполнети условите, се одобрува целосна исплата.
Сепак, процесот е сè друго освен брз. Според достапните информации, анализата и обработката на барањата може да трае од шест месеци до три години.