Извршниот директор на „Овластениот институт за библиотечни и информациски работници“, Луис Којфејт-Ган вели дека „состојбата не е дотолку лоша (како во САД), но библиотекари ги губат своите работни места и се цел на интернет-тролање затоа што се залагаат за интелектуална слобода“ во име на читателите. Ед Џуел, претседател на здружението „Поврзани библиотеки“ (Libraries Connected), како и Здружението на училишните библиотеки (СЛА) се согласуваат дека се забележува „зголемување на бројот на пријавите за цензура“ оваа година.
- Секако, можно е обемот на цензура што го гледаме во САД да влијае на дебатата овде. Она од коешто мора да се чуваме е климата што им налага на библиотеките да избегнуваат одредени книги - или да одржуваат разговори или активности, поради страв од негативен публицитет, закани или заплашувања. Од витално значење е библиотеките да се чувствуваат способни да обезбедат пристап до широк опсег на перспективи, ако сакаат лесна слободна размена на идеи, рече Џуел.
Сепак, нивото на влијание досега не е јасно, особено затоа што природата на барањата за цензура во Велика Британија, се чини, се разликува од онаа во САД.
- Повеќето библиотеки во Обединетото Кралство ја следат етичката рамка на „Овластениот институт“, којашто вели дека објавените материјали не треба да бидат ограничени на која било основа, освен на Законот. Тоа им дава доверба и уверување да ги отфрлат барањата, додаде Џуел.
Истражувањата посочуваат и цензура од страна на учениците во британските училишта, во облик на „вандализирање на библиотечниот материјал, бележење книги со расистички и хомофобични навреди“, како и штетни слики и прикази, според Алисон Хикс од СЛА.
- Ваква цензура, јас не сум видела во САД, нагласи Хикс.