За оваа монета од 2 евра може да се добијат 4.000 евра

15.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За оваа монета од 2 евра може да се добијат 4.000 евра

Имено, во чест на 25-годишнината од смртта на принцезата Грејс Кели, Монако искова 20.001 монета од две евра со нејзиниот лик. 20.000 од нив излегле на пазарот за седум години, завршувајќи во 2014 година, а една била подарена на нејзиниот син, принцот Алберт Втори. Помалку монети никогаш не се произведени во ограничена серија, што дополнително ја зголемува нивната вредност.

Веќе во периодот од 2007 до 2014 година, кога се уште се произведуваа, се продаваа по просечна цена од 120 евра, а денес вредат 4.000 евра. Голема вредност има и монетата од две евра од Литванија, произведена во 2021 година, но не поради ограничената серија, туку поради грешка. Од 500.000 во оптек, 500 од нив имаат грешка на рабовите, поради што во колекционерските кругови се продаваат за околу 3.000 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата