Шокот дошол кога ја отвориле чантата и сфатиле дека е полна со пари.
Веднаш повикале полиција која изброила 42.000 евра и започнале истрага за пронаоѓање на сопственикот. Не долго потоа, се случил филмски расплет, пренесува Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Надлежните утврдиле дека патролата, претходната вечер, пронашла пијан 50-годишен бездомник кој бил однесен во прифатилиште. Се открило дека тој е сопственикот на пронајдените работи.
Неименуваниот маж објаснил дека добил наследство и решил да се почести со нов електронски велосипед. Попатно застанал во блиското железничко бистро и се напил од среќа.
Во таква состојба потполно заборавил на парите, а подоцна бил „собран“ од полициска патрола.
„Тој ни се заблагодари што ги најдовме работите со треперлив глас. Беше многу возбуден“, велат властите.