Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец

15.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во манастирот во Рајчица достојно ќе биде одбележан Ѓурѓиц, празник на Георгиј Победоносец

Вечерва со почеток во 19 часот ќе се отслужи празнично бдение со Повечерие, Вечерна, Утрена и Први час.

Утре на денот на празникот во 8:30 часот ќе почне Божествена архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. 

-Сослужението ќе се оствари со благослов на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Молитвите и благословот на свети Георгиј Победоносец да бидат со вас, се посакува во објавата на Бигорскиот манастир. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата