Во Летонија станува популарно изнајмувањето „маж на час“ за поправки и домашни задачи

10.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Летонија станува популарно изнајмувањето „маж на час“ за поправки и домашни задачи

Според извештајот на Евростат во оваа држава има повеќе жени од мажи, а пак според „Ворлд Атлас“ тие се постари од 65 години.

- Не гледам ништо лошо во тоа, но за позабавен живот, би сакала да има повеќе мажи со кои би можела да се дружам, па и да флертувам. Многу мои пријателки ја напуштија земјата по потрага по соодветен партнер, изјави Данија.

Данија не е единствената која се одлучува на таков чекор. Сè повеќе жени изнајмуваат „мажи на еден час“ за извршување на домашните работи како што се: варосување, монтажа на телевизори, местење и поправање на завеси. 

Една од платформите каде што можат да изнајмат „маж на еден час“ е и платформата „Remontdarbi.lv“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата