Сигурно барем еднаш сте слушнале реклама за чистење на организмот од токсини со помош на бројни напитоци, сокови, чаеви, а денес постојат неколку компании кои ги продаваат своите детоксикациски напитоци. Доктор Александар Матиќ се позанимава со реклама на социјалната мрежа Tикток која не можеше да помине незабележано. Имено, лицето од видеото тврди дека во дебелото црево има девет килограми наслаги, што тој го смета за апсолутно неточно.
- Ако имате повеќе од 40 години и никогаш не сте го чистеле вашето тело од токсини, знајте дека во вашето дебело црево имате приближно девет килограми наслаги кои не излегуваат туку остануваат внатре. За да се ослободите од нив, треба да си го исчистите телото – вели личноста која промовира програми за детоксикација, а на тоа видео на Тикток одговора и докторот кој има своја порака.
Притоа, тој сака да објасни што всушност се токсините.
- Првото нешто за кое треба да се разговара се токсините, ова е поим кој е широко распространет на социјалните мрежи. Кога некој ќе го спомне тоа, корисно е да ја прашате таа личност на кои токсини мисли, во која количина се наоѓаат и како влијаат на здравјето, а ако таа личност не го знае одговорот, само блокирајте ја. Секоја супстанција, дури и водата може да биде токсична, во зависност од дозата. Има супстанци кои се потоксични, точно е и затоа имаме црн дроб кој врши детоксикација, ги претвора тие штетни хемикалии во супстанци растворливи во вода и ние ги исфрламе преку бубрезите. Следното тврдење е дека во цревата имаме девет килограми токсини - за среќа ова е научна фантастика бидејќи клетките што ја обложуваат внатрешноста на нашите црева се обновуваат на секои четири или пет дена и се исфрлаат надвор, па не е можно нешто да се акумулира.
Под знак прашалник е и терминот детоксикација, па докторот вели дека самиот процес го спроведуваат нашите органи, а не чаевите.
- Спомнавме дека надворешната детоксикација не е неопходна, бидејќи црниот дроб и бубрезите вршат доволна детоксикација, а доколку ни е потребна надворешна детоксикација, сите луѓе кои не го прават тоа веќе би „завршиле со кариерата“. Но, би требало да позборуваме и за тоа дека покрај губењето пари, користењето на разни чаеви за детоксикација би можело да биде штетно. Повеќето од тие чаеви, за да изгледаат ефикасни, имаат лаксативно дејство, поради кое би можеле да бидат штетни – вели докторот во видеото.
@dralexmatic23 Toksini 😱😱😱 #detox #toxin #scary #dr #medicina ♬ Chopin Nocturne No.2 Op.9-2(1391533) - 314P