Околу 40.000 пиротехнички ефекти беа употребени на простор со должина од околу седум километри.
Во Сиднеј се одржа помен за жртвите од нападот во 23 часот по локално време, а Сиднејскиот пристанишен мост беше осветлен во бела боја, додека на неговите столбови беше прикажана менора, симболот на јудаизмот.
- По трагичниот крај на годината за нашиот град, се надеваме дека дочекот на Новата година ќе обезбеди можност да се собереме и со надеж да погледнеме кон мирната и среќна 2026 година, рече градоначалничката на Сиднеј, Кловер Мур, во пресрет на настанот.

