Видео: Нов докуменарец за Меланија Трамп во јануари

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Нов докуменарец за Меланија Трамп во јануари

 Филмот, насловен едноставно „Меланија“, ја следи првата дама на САД во деновите пред инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп во јануари 2025 година.

Трејлерот почнува со сцена од Денот на инаугурацијата, каде што Меланија, која е на средината на шестото десетлетие од својот живот, се појавува во темен, тесен фустан и со широка шапка. Гледајќи директно во камерата, сопруга на американскиот претседател, по потекло од Словенија, вели: - Еве, повторно почнуваме.

На следниот кадар, Меланија го слуша својот сопруг Доналд додека вежба говор.

„Да бидам миротворец - тоа е моето наследство на коешто сум најгорд“, вели тој, на што Меланија додава: „Миротворец и обединувач“...

Натаму, друг видеоисечок прикажува телефонски разговор меѓу Меланија и Доналд, во којшто американскиот претседател ја прашува: „Го гледаше ли тоа?“ Меланија лежерно одговара: „Не го гледав. Ќе го видам на вестите.“

Се чини, овој разговор предизвика најмногу коментари во интернет-просторот.

„Трампови се меме над сите мемиња“, „Мислам дека Доналд Трамп ќе се кандидира за трет мандат само и само конечно да ја импресионира Меланија“, „Хахаха толку смешно! Се смеев еден час. Навистина“ - гласат дел од коментарите.

Многумина изразија и позитивни коментари за објавувањето на документарецот.

„Ова изгледа неверојатно!“, „Ова всушност изгледа навистина добро. Вие сте олицетворение на класата, госпоѓа прва дамо.“ „Изгледа феноменално“ - се огласија и обожавателите на г-ѓа Трамп.

Филмот „Меланија“ ветува „ексклузивни снимки од клучни состаноци, приватни разговори и случки што никогаш порано не сте ги виделе“, се вели во официјалниот синопсис. Во описот се наведува дека гледачите ќе бидат сведоци „како Меланија ја планира инаугурацијата, се справува со сложеноста на преселбата во Белата куќа и како го преселува своето семејство“. Според медиумите, првата дама наводно потпишала договор којшто ја уредува дозволата и авторските права околу документарецот, вреден 40 милиони долари. Догфоорот е склучен со „Амазон“. 

Документарниот филм треба да се прикажува во кината ширум светот од 30 јануари 2026 година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата