Верниците ги преплавија црквите – се слави Рождество на Пресвета Богородица

21.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Верниците ги преплавија црквите – се слави Рождество на Пресвета Богородица

 Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваа литургии, а централната света архијерајска литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан се одржа во храмот Рождество на Пресвета Борогодица во Скопје.

- Бројните верници се поклонија пред иконата на Пресвета Богородица и посакаа здравје, мир и единство на сите луѓе.

-  Господ нека даде здравје и мир. Ни го трасира патот. Богородичка ни помогна и големиот Син нејзин, да тргнеме по правиот пат. Фала и на нејзе и фала и на синот Божји да ни даде среќа и здравје и љубов меѓу нас без разлика на вера.

-  Здравје, напредок на луѓето, државата да биде во ред, да се спојуваат сите луѓе да бидат заедно.

- Сега дојдов да си запалам свеќа и да си посакам се најубаво, прво здравје после се.  На овој голем ден само здравје, да дава на нас постарите, на фамилијата, на помладите синови снаи, ќерки. 

Според Христијанските преданија Пресветата Богородица Дева Марија е дете на Јоаким и Ана, скромни луѓе кои помагале на сиромасите и болните. Долго време немале деца, а ќерката ја добиле по пет децении брак. Бог слушајќи ги нивните молитви, не им подарил само ќерка туку и Божја Мајка.  Верниците денеска го празнуваат токму нејзиното раѓање , еден 3те родендени кои се слават во Православната црква - објаснува отец Спасе Таковски. Преку Божјата мајка, Спасителот Исус Христос примил човечко тело, за на верниците да им го покаже патот до спасението, но Богородица е и мајка и заштитничка на целото човештво- вели отец Спасе.

-Богородица е заштитница на сите и заштитничка и на градот Скопје. Секој православен Христијанин прво треба да се моли за сопствено здравје и спасение, потоа за здравје и спасение на сите останати блиски роднини и пријатели, знаени и не знаени , значи Богородица помага секому,- -отец Спасе Таковски.

Одбележувањето на празникот во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје започна  вчера, каде во попладневните часови од стотици верници свечено беше пречекана Богородичната икона „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Идентичната копија на Иконата беше внесена во храмот на осветување, по што традиционално беше извршена Литија низ центарот на Скопје. Иконата беше донесена од свештеномонаси и хиландарскиот игумен архимандрит Методиј и трајно ќе остане во храмот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата