Сите средства од продадени влезници од 100 денари од натпреварот против екипата на „МЗТ УБ“ од Скопје во недела во 17 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, како и дополнителните собрани донации ќе бидат уплатени на семејството на Лео.
-Ви најавуваме дека средствата од продадените билети од неделниот натпревар против екипата на МЗТ Скопје УБ ќе бидат донирани во фондот за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов, информираат од КК„Борец Баскет“ од Велес.
Тие ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдан во недела на натпреварот и да покажат дека Велес секогаш бил и е хуман град. Воедно и да ги поддржат да стигнат и до нова победа во Втора Лига!
Телефони за донации се ТМ : 143-118, А1 : 143-500