Утре на Дебарско Езеро ќе се одржи риболовен натпревар „Скобуст-Дебар 2024"

16.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре на Дебарско Езеро ќе се одржи риболовен натпревар „Скобуст-Дебар 2024"

- Натпреварот ќе се одржи на брегот на Дебарско Езеро, кај градската плажа, поточно местото „Удово". Своите мајстори во ловењето скобуст (скобал,бојник) ќе ги покажат 60 рибари, рекоа за МИА од друштвото.

Тие објаснуваат дека ќе се лови еден рибар-една трска- еден мамец, а се лови на тапа. Секој рибар има право да носи прихрана максимум пет килограми, а ќе се мери само риба бојник. 

На победниците ќе им бидат доделени медали и диплома, како и поклони обезбедени од спонзори.

- Секој натпреварувач, доколку се утврди неправилност, односно да лови со повеќе од една трска, со повеќе од една јадица, доколку употребува сонар, не го почитува растојанието до одреденото место и слично без да го извести набљудувачот или судијата веднаш ќе биде  дисквалификуван, предупредуваат од друштвото.

Во првата декада од минатиот месец на Дебарско Езеро беше одржан напреварот „Крап куп Дебар 2024" на кој учествуваа 18 екипи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата