УНРВА нема да дистрибуира помош преку преминот Керем Шалом

1.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УНРВА нема да дистрибуира помош преку преминот Керем Шалом

Директорот на УНРВА, Филип Лазарини изјави дека е преопасна рутата до преминот Керем Шалом.

Лазарини на Икс го обвини Израел за колапсот на хуманитарните операции во Газа, наведувајќи ги „политичките одлуки за ограничување на количината на помош“, недостатокот на безбедност на патиштата и израелското таргетирање на полициските сили управувани од Хамас, кои претходно обезбедуваа јавна безбедност.

Израел тврди дека пропушта доволно помош за Газа и ги обвини УНРВА и другите агенции за неуспеси во испораката.

Одлуката на УНРВА може да ја влоши хуманитарната криза во Појасот Газа, каде стотици илјади Палестинци живеат во шатори и се зависни од меѓународната помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата