Касиус, кој имал повеќе од 110 години и тежел повеќе од еден тон, бил во лоша здравствена состојба од 15 октомври, објави азилот на Фејсбук, пренесе Ројтерс.
„Многу ќе ни недостига, но нашата љубов и сеќавањата за него ќе останат засекогаш во нашите срца“, додаваат од азилот, кој се наоѓа на островот Грин во близина на туристичкиот град Кернс во Квинсленд.
Касиус живеел во австралискиот азил од 1987 година.
Овој крокодил влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем крокодил во заробеништво, титула што ја доби по смртта на крокодилот Лолонг од Филипините во 2013 година, долг 6,17 метри.