Убавата д-р Македонка тврди дека се случила промена во семејните вредности кај Македонците

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убавата д-р Македонка тврди дека се случила промена во семејните вредности кај Македонците

Водителка Александра Пановска Илиевска од утринската на Канал 5 го постави како прво прашање, семејството некогаш и денес ?  

На ова и многу значајни прашања одговори добивме од професорката Д-р Македонка Радуловиќ од Институтот за семејни студии на Филозофскиот факултет – Скопје

,„Семејството, некогаш и денес?“

- Семејството е столбот општеството, кое низ историјата претрпело значајни промени, но едно останува дека е клучен столб во структурата на општеството и игра витална улога денес. Традиционалните родови улоги во македонските семејства претрпеа значајни промени. Мажите и жените во современите македонски семејства, сè почесто, подеднакво ги делат домашните обврски и одлучувањето- кажа  Д-р Македонка Радуловиќ. 

Додава дека идејата за маж кој е хранител и сопруга домаќинка станува се помалку распространет, при што и двајцата партнери често придонесуваат за финансиска поддршка, учествуваат во домашните задачи и заеднички ги одгледуваат децата.

-Традиционалното нуклеарно семејство кое се состоеше од татко кој ги носи финансиите во домот, мајка домаќинка и зависни деца полека исчезнуваат. Се почести се семејства со едно дете или луѓе кои сами одлучуваат да живеат. Покрај променетите улоги на мажот и жената во семејството се менува улогата на децата. Децата стануваат активни субјекти, учествуваат во креирањето одлуки во семејството, самостојно одлучуваат за начинот на облекување, однесување, професионалната ориентација, за место на живеење итн- истакна Радуловиќ.

-Авторитарниот модел на воспитување на децата според кој децата се покорни и послушни на авторитетот на таткото е заменет со демократски модел кој ги става децата на еднакво рамниште. Социјалните медиуми и дигиталните комуникациски платформи ја намалуваат интеракцијата и го намалуваат квалитетот на комуникацијата во семејството, воедно создаваат и лажна виртуелна реалност. Нашите истражувања покажуваат дека се зголемува бројот на разводи. Први сме во светот по број на разводи, бројката е загрижувачка- изјави таа.

Заклучува дека од друга страна, балансот помеѓу работата и семејството е еден од најголемите предизвици на современите семејства и родителите имаат се помалку време да поминат со семејството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата