Гледаме капачи како извлекуваат противбродска мина од морето, но се поставува прашањето каде е снимено.
На снимката се гледаат и луѓе како ја гледаат сцената, наместо да се евакуираат од плажата, пренесува The Moscow Times.
Некои портали и канали Телеграм објавија дека глетката е снимена во Сочи, а мината е извлечена од туристи на Црното Море.
Официјални лица ја негираа оваа информација, пренесува Комерсант.ру.
„Ние немаме снимено таков настан. Локацијата визуелно не одговара на погледот на брегот на Сочи“, соопштија од градската управа.
И локалната полиција негира дека експлозивната направа завршила на брегот по невремето.
Останува нејасно каде се случил инцидентот и кога точно е снимен.